Утрински Весник
Свет

Индија вакцинираше 10 милиони луѓе против коронавирус за еден ден

Индија вакцинираше 10 милиони луѓе против коронавирус за еден ден

Индија вакцинираше рекордни десет милиони луѓе против Ковид-19 за еден ден, објавија во саботата властите на таа земја, која се бори против новиот бран на епидемијата.

Премиерот Нарендра Моди го поздрави резултатот постигнат во петокот во земјата со 1,3 милијарди жители.

„Честитки за оние што се вакцинирани и за оние кои успешно ја спроведоа кампањата за вакцинација“, напиша тој на „Твитер“.

Индиската влада, соочена со бран критики откако епидемијата се разгоре и однесе 200.000 животи во април и мај, се надева дека ќе вакцинира 1,1 милијарда луѓе до крајот на оваа година.

Оваа цел, сепак, може да се доведе во прашање поради недостаток на вакцини и административни тешкотии.

Од почетокот на кампањата за вакцинација во јануари, само 15 проценти од населението ги прими и двете дози.

И покрај предупредувањата на експертите, речиси сите мерки поврзани со движењето на луѓето се укинати и бројот на случаи повторно нагло расте.

Бројот на новозаразени на дневна основа повторно надмина 40.000 и изнесуваше 46.000 во саботата.

Индија е втората најпогодена земја во светот од пандемијата на коронавирус, по САД. Има вкупно 32 милиони потврдени случаи на зараза и 437.000 смртни случаи.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година