Утрински Весник
Македонија

Мицкоски, Села и Гаши формираат предизборна коалиција

Мицкоски, Села и Гаши формираат предизборна коалиција

ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива се договорија за заеднички настап на изборите, по средбата што денеска ја остварија првите луѓе на опозициските партии – Христијан Мицкоски, Зијадин Села и Африм Гаши.

Од партиите преку заедничко соопштение истакнаа дека „со цел што подобро да се артикулира опозицискиот глас, како и да се претстават најдобро интересите на сите граѓани на локално ниво, тројцата претседатели, се одлучија за взаемна соработка и поддршка на кандидати за градоначалници“.

Соработката подразбира дека партиите нема да кандидираат градоначалници во одредени општини и ќе се поддржуваат меѓусебно, а во други општини ќе се натпреваруваат со сите други партии.

Средбата помеѓу партиските лидери се случи во пратеничката канцеларија на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. Мицкоски, Села и Гаши како главен мотив за соработката ја посочија борбата против корупцијата и криминалот застапени во општините раководени од СДСМ-ДУИ.

Тројцата претседатели констатираа дека водејќи се од извештајот на Транспаренси Интернешенл, според кој Македонија е рангирана на историско најлошото 111 место, станува неминовна опозициската соработка, со цел единиците на локалната самоуправа да бидат ослободени од корупциското владеење, од нетранспарентното трошење на пари и од злоупотреба на власта на СДСМ и ДУИ на сите нивоа на државната управа.

Затоа, констатираа тие, потребно да се соработува со цел општините да бидат институции во служба на граѓаните, со силен и рамномерен локален економски развој, со буџетска поддршка за децентрализација во областите образование, култура и спорт, како и со тежнеење да бидат зелени општини кои ќе обезбедат чист воздух и заштита на животната средина.

Можете да прочитате

Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата

Намалена видливост до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец