Утрински Весник
Култура

Претставени номинираните поети од потесниот круг за наградата „Браќа Миладиновци“

Претставени номинираните поети од потесниот круг за наградата „Браќа Миладиновци“

„Потпис: трепетлика“ на Ана Стојановска (Три), „Големата прегратка“ на Павлина Атанасова (ПНВ Публикации), „Девет преобразби во чудната шума“ на Пандалф Вулкански (Темплум) и „Сватови на песната“ на Даут Даути (Матица Македонска) се книгите што влегоа во потесниот избор за националната награда „Браќа Миладиновци“ што се доделува на „Струшките вечери на поезијата“ и кои денес беа претставени во рамки на фестивалот.

Во конгресната сала на хотелот „Дрим“ пред публиката беа прочитани по три песни од сите номинирани збирки.

Годинава наградата ѝ припадна на поетската збирка „Гранична состојба“ на Лидија Димковска.

Покрај претставувањето на книгите од потесниот круг беше промовиран и портрет на Ива Дамјановски, минатогодишната добитничка на наградата.

„Необичен нов глас во македонската поезија, ѕвонливо детски и смртно сериозен во исто време, продорен и убодлив (што боде) до с’ржта на проблемите на денешнината. Целата збирка е компактна, а песните во неа се како природно изделкани скулптури, парчиња камен, кои како да немало потреба некој да ги обработува, да ги мазни и длаби, туку како да се одронале точно такви какви што треба да бидат и да останат само такви и никакви други. Насловот на збирката е наслов на една од песните кои го фрлаат пред читателот „црвенилото“ што обојува голем дел од стиховите. Симболиката на црвеното ни оддалеку не е онаа едноставната, препознатливата, туку е издигната на едно повисоко ниво, повторно како крв, како револт и револуција, како вжарено ново сонце, но овојпат спротивставени не на конкретни идеологии или пресии, туку на глобалните загрози, пред сѐ на она страшно чувство на немоќ и апокалиптичност што сѐ повеќе нѐ обзема сите и насекаде“, истакна во своето излагање за книгата „Двоумење“ претседателката на Друштвото на писатели, Соња Соња Стојменска-Елзесер.

Во рамки на фестивалот се одржа и поетска работилница со српскиот поет и прозаист Звонко Карановиќ, кој имаше излагање за тоа како се организираат поетски работилници. Тој изјави дека ова подрачје нема недостаток на таленти.

Текстот Претставени номинираните поети од потесниот круг за наградата „Браќа Миладиновци“ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“