Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Груби: Целата Влада ја поддржува Теута Арифи, таа е челична дама

Груби: Целата Влада ја поддржува Теута Арифи, таа е челична дама
300x250 opst2

Јас и сите мои колеги министри и други функционери од сите ешалони стоиме зад Теута Арифи и општина Тетово кон реализација на сите проекти предвидени во нејзината програма, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

„Таа е челична дама која го предводи Тетово во промената што се случува во неговата историја во овие изминати 8 години. Јас не сакам да застанеме тука туку да продолжиме понатаму, а за таа цел Теута има апсолутна поддршка од сите од нас“, рече Груби најавувајќи дека Тетово ќе стане градежно поле од сите страни во однос на реализација на проектите.

„Дама како Теута застанува на чело во битката на тетовци со „Ковид“ отварајќи нови центри за вакцинација, обезбедувајќи вакцини, борејќи се за учениците во училиштата и тоа е токму она што му треба на Тетово. Тетово има потреба од Теута Арифи затоа што таа му доликува на Тетово“,нагласи Груби при посетата на Тетово.

 

Можете да прочитате

Сакала да изнајми стан, ја измамиле за 300 евра

Албанска државјанка нападнала полцајка во Прилеп

На изборите има две опции, едната е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата а другата е коалицијата СДСМ – ДУИ – Левица, смета Мицкоски