Утрински Весник
Македонија

Богоев потврди дека во СДСМ се разговарало тој да биде на чело на Царина

Богоев потврди дека во СДСМ се разговарало тој да биде на чело на Царина

Актуелниот градоначалник на општина Каропш, Стефан Богоев потврди дека во СДСМ се разговарало тој да биде новиот директор на Царинската управа, но назначувањето е во надлежност на Владата.

„Сме разговарале во партијата за таа можност. Сепак, директор на Царина назначува Владата. Тоа е во ингеренција на централната власт, а јас како дел од локалната не можам да прејдицирам одлуки на Влада“, рече Богоев, одговарајќи на новинарски прашања.

Претходно, СДСМ за кандидат за градоначалник на Карпош го предложи Душко Весковски кој е актуелен директор на ЈП „Водовод“ Скопје.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ поднесе закон, Минималната плата да се зголеми на 600 евра – работниците заслужуваат достоинствен живот

Клековски: Учениците како демографска група не се ризични за западнонилска треска

Во тек акција на полицијата за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи