Утрински Весник
Свет

Талибанците ги бројат жртвите – загубивме повеќе луѓе од Американците

Талибанците ги бројат жртвите – загубивме повеќе луѓе од Американците

Најмалку 13 американски војници и 90 цивили загинаа синоќа во две експлозии пред аеродромот во Кабул. Најмалку 28 припадници на талибанците загинаа во бомбашките напади на аеродромот во Кабул, изјави талибански претставник.

„Изгубивме повеќе луѓе отколку Американците“, изјави талибанскиот претставник за Ројтерс, додавајќи дека Талибанците не се одговорни за хаотичниот план за евакуација што го смислија странските држави.

И покрај тоа, вели тој, нема потреба САД да го продолжат рокот што истекува на 31 август со цел да се заврши евакуацијата и повлекувањето.

Одговорноста за нападите ја презеде огранок на екстремистичката група Исламска држава.

Западните земји стравуваат дека Талибанците, кои некогаш му обезбедија засолниште на водачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, ќе дозволат Авганистан повторно да се претвори во прибежиште на милитантите. Талибанците, пак, велат дека нема да дозволат земјата да ја користат терористите.

Терористичката организација ИД-К, која е одговорна за најновите напади, првично беше присутна во областа на границата со Пакистан, но воспостави уште еден фронт на северот од земјата, пишуваат светските агенции.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година