Утрински Весник
Македонија

Пукање од автомобил на улица во Сарај – маж со прострелна рана во ногата пренесен во болница

Пукање од автомобил на улица во Сарај – маж со прострелна рана во ногата пренесен во болница

Вчера напладне на Ургентниот центар при Комплексот клиники Мајка Тереза било пријавено дека кај нив со телесни повреди бил донесен И.Н.(29) од селото Крушопек, Скопско.

„Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека, додека се движел кон неговиот дом во селото Крушопек, едно лице испукало еден куршум кон него, кој го погодил во ногата, по што забележал возило кое со голема брзина поминува покрај него“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

НБРМ: Три олеснувања за клиентите на „АЛТА банка“: повисок лимит, нови шалтери и целосна исплата на новите приливи

ТИТАН Усје и ПМФ со нов меморандум ја продлабочуваат соработката во поддршка на науката и образованието

Притвор за двајца членови на кумановската криминална група, еден во куќен притвор – пасош одземен и на нотар