Килијан Мбапе уште утре би можело да стане нов член на Реал Мадрид, јавува шпанска „Марка“.
Веста ја проширија и останатите шпански медиуми кои носат нови информации. Дел од нив тврдат дека францускиот ас викендот ќе дојде во главниот град на Шпанија да направи лекарски прегледи и доколку се е во ред, да потпише со „Кралевите“.
ПСЖ ја одреди неговата цена – 200 милиони евра, но на сите им е јасно дека не можат толкава сума да добијат затоа што има само уште една сезона од договорот, а одбива да потпише нов.
Флорентино Перез на „Светците“ им испрати понуда од 160 милиони евра, но таа без размислување беше одбиена.
Следната, секако треба да е повисока. Двата клуба ќе мораат да најдат некоја средна вредност.
Што се однесува до фудбалерот, тој наводно веќе ги договорил личните услови со челниците во Кралскиот клуб.
> Мбапе утре оди во Мадрид? <