Утрински Весник
Спорт
Img 7972

„La Gazzetta“: Икарди, Кин или Јовиќ во Јуве ако си отиде Роналдо!

„La Gazzetta“: Икарди, Кин или Јовиќ во Јуве ако си отиде Роналдо!
Img 7972

Откако се погласни се шпекулациите дека Кристијано Роналдо уште овој преоден рок ќе го напушти Торино и „Старата дама“, италијански „La Gazzetta dello Sport“ пишува кои се трите потенцијални опции за замена на португалскиот ас.

Информациите на угледниот италијански весник се дека на радарот на Јуве се Мауро Икарди (ПСЖ), Моис Кин (Евертон) и Лука Јовиќ (Реал Мадрид).

Кин би бил повратник затоа од кај „бјанконерите“ замина во 2019 година за 30 милиони евра и се пресели на „Гудисон парк“. Минатата сезона ја помина на позајмица во ПСЖ.

Икарди, пак, е долгогодишна желба на Јуве уште од времето кога играше за Сампдорија, но и кога беше капитен на Интер. Моментно е повреден, а по доаѓањето на Меси во Париз, тој со сигурност ќе се пресели на клупата за резерви.

Јовиќ пак дефинитивно не се снаоѓа како што посакува во Реал Мадрид. Иако неодамна се пишуваше дека Интер го сакаат во својот напад, не е исклуена можноста наместо во Милано, да се упати кон Торино.

Покрај овие три имиња, италијански „Tuttosport“ пишува дека потенцијална замена за Роналдо би бил и Ентони Марсијал од Манчестер Јунајтед.

> „La Gazzetta“: Икарди, Кин или Јовиќ во Јуве ако си отиде Роналдо! <

Можете да прочитате

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути