Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Затајувал данок, кривична за сопственик на градежна фирма од Скопје

Затајувал данок, кривична за сопственик на градежна фирма  од Скопје
Img 7972

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на управител и сопственик на правен субјект за градежништво, проектирање и трговија од Скопје.

Тој во периодот од 01.01.2016 година до 31.12.2016 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист, набавената трговска стока (лед ламби, керамички плочки, теписони, хидроизолационен материјал, лавабоа, вц шољи, делови за лифтови, огледала, потопни пумпи, котли за централно греење и сл.), евидентирана на залиха во вредност од 9.971.080,00 денари, неосновано ја присвоил и не ја евидентирал во сметководствената евиденција како кусок, при што, како што информираaт од финансиската полиција не пресметал, не пријавил и не уплатил Данок на додадена вредност по даночна стапка од 18%, во износ од 1.794.794,00 денари и Данок на добивка по даночна стапка од 10%, во износ од 997.108,00 денари.

За застарените обврски кон добавувачи постари од три години во износ од 19.441.227,00 денари, кои не се прикажани како Приходи во Билансот на успех и Даночниот Биланс на правниот субјект, тој не пресметал, не пријавил и не уплатил Данок на добивка по даночна стапка од 10% во износ од 1.944.123,00 денари.

Со намера да ги прикрие инкриминираните активности лицето не изготвило и не поднело Завршни сметки за 2016, 2017, 2018, 2019 и 2020 година до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар на Република Северна Македонија, со што не пресметало, не пријавило обврска за данок и не уплатило даноци по разни основи во вкупен износ од 4.736.025,00 денари, за кој износ го оштетило Буџетот на Република Северна Македонија.

Можете да прочитате

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму