Утрински Весник
Магазин

Германка инсталирала камера за да види кој ѝ ја краде долната облека

Германка инсталирала камера за да види кој ѝ ја краде долната облека

На Германка со години ѝ исчезнувале парчиња од нејзината долна облека, и таа инсталирала камера за да открие што се случува, објави магазинот Fenix.

Во февруари 2017 година, Синтија забележала дека дел од нејзината долна едноствано го снемува, и кога ова се случило неколку пати, се посомневала дека некој ѝ ја краде. Вратата на подрумот каде што се наоѓа пералната за алишта секогаш била заклучена, па младата мајка почнала да се сомнева дека некој перверзен човек живее во близина.

Таа живее со семејството и сопругот во германскиот град Кирхберг.

И, благодарение на камерата, открила дека нејзиниот сосед е виновникот. Соседот Ерик В. (32) дури и ги извадил цилиндрите за заклучување за да може да се враќа кога ќе посака.

Судот го осуди Ерик на условна затворска казна од една и пол година и парична казна од 2,000 евра. Освен на Синтија, осудениот со години крадел долна облека и од други жени, неовластено влегувал во пералната во подрумот на зградата во која живее.

Адвокатот на Ерик, Рајнхард Ратиг, вели дека тоа веројатно било страст за собирање. До денес, тој не може да објасни зошто крадел работи. Ерик сега е на соодветна терапија за да го реши проблемот.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста