Утрински Весник
Македонија

Маричиќ во Приштина-потпишан Договор за правна помош во граѓанските предмети меѓу двете земји

Маричиќ во Приштина-потпишан Договор за правна помош во граѓанските предмети меѓу двете земји

Министерот за правда Бојан Маричиќ, придружуван од заменик-министерот Агим Нухиу, денес во Приштина остварија билатерална средба со косовска министерка за правда Албулена Хаџиу. На средбата се разговараше за продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа правосудство и правдата, но и за реформите кои Северна Македонија и Косово ги спроведуваат со цел зацврстување на правната држава и владеењето на правото.

Министрите Маричиќ и Хаџиу го потпишаа Договорот за заемна правна помош во граѓанските предмети меѓу Северна Македонија и Косово со кој значително ќе се олесни правниот сообраќај меѓу двете земји.

„Нашите две земји ги поврзува добра економска и политичка соработка. Сепак, најдобар мост меѓу двете земји се луѓето кои се многу поврзани и секојдневно комуницираат. Наша задача како политичари е да направиме сè што можеме да го олесниме нивниот живот. Денешната посета и потпишувањето на Договорот за заемна правна помош во граѓанските предмети, најдобро говорат дека водиме политики со кои го олеснуваме пристапот до правда и ги поедноставуваме судските процедури за граѓаните на двете земји“, истакна Маричиќ.

Со Договорот за заемна правна помош во граѓанските предмети, потенцираат од министерството, се воспоставува и дипломатскиот пат на комуникација, кој ќе овозможи побрза и поефикасна граѓанска постапка и ќе се дозволи директна комуникација меѓу надлежните органи на двете земји, со цел брз одговор од институциите без претходно да е задолжително процедурите да минуваат преку Министерствата за правда.

Можете да прочитате

ЈНА се заканувала со срамнување на Скопје, Македонија се борела да го спаси аеродромот вели Гоцевски

Акција на ОЈО ГОКК и МВР: Кај помошник-директор на Царината пронајдени 17.500 евра

„Горе не оди како што треба“ – Гоцевски открива што му кажал Глигоров уште во 1987 година