Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Отказ за вработените во училиштата во Словенија доколку одбијат ковид тестирање

Отказ за вработените во училиштата во Словенија доколку одбијат ковид тестирање
300x250 opst2

На вработените во училиштата во Словенија им се заканува отказ доколку одбијат да направат ковид тест.

Според медиумите, во таа земја за една недела започнува новата учебна година, а директорите на училиштата добиле документ според кој одбивањето на вработените да бидат тестирани за коронавирус може да биде причина за отказ.

Ваквото правило е во сила за сите вработени во училиштето, што значи дека оние кои не биле вакцинирани или имале „Ковид-19“ мора да се тестираат секоја недела, што е дефинирано како работна обврска во циркуларното писмо од Министерството за образование.

Неоправданото одбивање за тестирање ќе се смета за прекршување на обврската за вработување, што значи дека на работникот му се издава писмено предупредување пред отпуштање или ќе биде започната постапка за отпуштање, а истото важи и доколку вработениот одбие да носи заштитна маска, објаснуваат од министерството.

Од друга страна, ако ученикот не носи маска, не смее да му се забрани влез во училницата, но директорот мора да ги извести неговите родители за оваа обврска и да го достави случајот до инспекторатот.

Епидемиолошката состојба во Словенија се влошува во последните недели, па затоа државата ќе влезе во „црвена“ фаза кон крајот на оваа недела, а темно црвена кон средината на септември според критериумите на Европскиот центар за контрола на болести (ЕЦДЦ), предвидува институтот Јожеф Штефан, пренесуваат медиумите.

Сепак владата на Словенија не планира големи затворања на социјалните и економските активности и образовниот систем во есен и зима, бидејќи смета дека ситуацијата може да се држи под контрола преку доследна примена на мерките.

Можете да прочитате

Екс кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција

Во Белгија приведени осум лица при истрага за меѓународна пирамидална шема за измами

Орбан: Без руска енергија, унгарската економија ќе пропадне