Чарли Вотс, тапанарот кого многумина го сметаа за ‘рбетот на американскиот рок бенд „Ролинг стоунс“, почина во вторникот на 80-годишна возраст.
Лондонскиот публицист Бернард Доерти соопшти дека Вотс починал мирно во лондонска болница опкружен со неговото семејство. Причината за смртта не е наведена.
„Чарли беше сакан сопруг, татко и дедо, а исто така и како член на Rolling Stones, еден од најголемите тапанари на неговата генерација,“ рече Доерти.
Вотс неодамна најави дека нема да настапува на претстојната турнеја на „Стоунс“ низ САД поради недефиниран здравствен проблем.
Тешко беше да се замисли „Стоунс“ без Вотс, пишуваат медиумите алудирајќи на неговата најава за отсуство, „но никој не помисли дека ова ќе се случи“. Неговиот лесен допир, единствено ритмичко чувство, како што може да се слушне на канонските рок песни Paint It Black, Gimme Shelter и Brown Sugar, го направија мотор што ја става во погон музиката на „Стоунс“ и еден од најпознатите и најценетите тапанари на сите времиња.
Тивкиот, елегантно облечен Вотс честопати беше рангиран со Кит Мун, Џинџер Бејкер и неколкумина други како врвен рок тапанар, почитуван ширум светот со неговиот мускулест стил додека „Стоунс“ се издигаа од нивните скромни почетоци до меѓународна суперѕвезда.
На бендот му се придружи во почетокот на 1963 година и остана речиси 60 години, а рангиран е веднаш зад Мик Џегер и Кит Ричардс како најдолговечен и најважен член на култниот бенд.