Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Вооружени чувари во Венеција го контролираат приливот на туристи

Вооружени чувари во Венеција го контролираат приливот на туристи
Img 7972

Вооружени чувари во Венеција го контролираат приливот на туристи, пренесуваат медиумите во регионот.

Како што е наведено, иако стражарите не се обврзани да носат оружје, многумина што имаат оружје го користат тоа право.

Данило Скатолин, правен застапник на работниците на бродот кои се членови на синдикатот СГБ, вели дека поради долгото чекање во редиците, постои фрустрација, особено кај локалните жители кои се обидуваат да користат воден транспорт.

“Патниците често физички го напаѓаат персоналот. Тие ги плукаат, ги навредуваат, дури и ги удираат со тупаници. Идејата дека ви требаат вооружени чувари во 2021 година значи нешто. Тоа не е убава слика за градот, но ни требаат вооружени чувари за заштита на персоналот“, рече тој.

Додава дека проблемот не е само во гужвата во водниот транспорт, туку дека истото се случува и во автобусите.

Друг проблем е што многу посетители на Венеција сакаат да ги посетат истите места во исто време, така што линиите на патот што водат до островите Мурано, Бурано и Торчело се долги неколку стотици метри.

Бројни локални жители, исто така, наведуваат дека вистинско стампедо на туристи понекогаш се случува кога сакаат да се качат на брод или автобус.

Можете да прочитате

Екс кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција

Во Белгија приведени осум лица при истрага за меѓународна пирамидална шема за измами

Орбан: Без руска енергија, унгарската економија ќе пропадне