Утрински Весник
Магазин

Ентони Маки подготвен за „Капетан Америка 4“

Ентони Маки подготвен за „Капетан Америка 4“

Стигна официјална потврда дека Ентони Меки ќе ја игра улогата на Капетан Америка во четвртото продолжение на истоимениот серијал.

Маки ќе го облече својот бело-син-црвен костум и ќе го носи штитот во четвртиот, сè уште ненасловен филм од серијалот, објавија медиумите во четвртокот.

Филмот повторно ќе го обедини Мaки со писателот Малком Спелмен, кој претходно служеше како главен писател за „Соколот и зимскиот војник“, серија на „Дизни плус“.

Маки првпат се појави како Сем Вилсон, или The Falcon („Соколот“), во „Капетан Америка: Зимски војник“.

Стив Роџерс (Крис Еванс), се откажа од наметката на Капетан Америка на крајот од „Одмаздници: Крајна игра“ во 2019 година, предавајќи го својот штит на Сем Вилсон (Ентони Маки).

Можете да прочитате

Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании

Истражување: Засладувачот ксилитол го зголемува ризикот од мозочен, срцев удар и смрт

Богатите повеќе не купуваат само статус, туку здравје, време и долговечност