Утрински Весник
Македонија

Притвор за дилерот кој во Гостивар беше фатен со 2,5 килограми марихуана

Притвор за дилерот кој во Гостивар беше фатен со 2,5 килограми марихуана

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен жител на Студеничани кој е осомничен за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

„ На 18 август, осомничениот во Скопје набавил наркотична дрога – марихуана со намера да ја препродаде. Откако ја набавил дрогата, се упатил кон стан во Гостивар за да изврши продажба на корисници на наркотични дроги. При извршен претрес, полициски службеници кај осомничениот пронашле и одзеле вкупно 1.765,2 грама марихуана во повеќе различни ќеси“ соопшти обвинителството.

Ценејќи дека постојат законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​​

Можете да прочитате

Левица: Мицкоски ни даде ултиматум: Или раѓајте повеќе деца, или ќе ви донесам економски мигранти

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства, македонската економија ќе биде на удар 

Финансиска му поднесе кривична на поранешен директор на „Пошта“ за предизвикана штета од речиси 11 милиони денари