Утрински Весник
Свет

Талибанците прогласија победа над САД и тргнаа во лов на оние што им помогнале

Талибанците прогласија победа над САД и тргнаа во лов на оние што им помогнале

Според извештајот на ОН, талибанците ја засилија потрагата по луѓе кои работеле и соработувале со трупите на НАТО и на САД.

„ Талибанците апсат и се закануваат дека ќе убијат или уапсат членови на семејствата на поединци, доколку тие самите не им се предадат на исламистите“, се вели во документот подготвен за ОН од Норвешкиот центар за глобални анализи.

Во документот се наведува дека луѓето во армијата, полицијата и истражните органи се особено загрозени.

„ Талибанците однапред извршија мапирање на поединци, односно пред да ги преземат сите големи градови“ се наведува во извештајот.

Се додава дека милитантите трагале по поединци додека до одреден степен дозволувале евакуација на странци од аеродромот во Кабул, но ситуацијата таму се уште е хаотична.

Според извештајот, талибанците регрутираат нови разузнавачки мрежи за соработка со новиот режим, објави Би-Би-Си.

Талибанците денеска го прославија „Денот на независноста на Авганистан“, со порака дека ја победија „арогантната моќ на светот“ во форма на САД.

Можете да прочитате

Мистерија во Северна Кореја: По гласините за смртта на Ким Џонг Ун, државните веб-страници недостапни

Русија утре ќе ја испорача првата пратка дизел за САД, согласно договорот меѓу Трамп и Путин

САД се договорија да купуваат руски дизел, ЕУ нема да го следи Вашингтон