Утрински Весник
Свет

Талибанците прогласија победа над САД и тргнаа во лов на оние што им помогнале

Талибанците прогласија победа над САД и тргнаа во лов на оние што им помогнале

Според извештајот на ОН, талибанците ја засилија потрагата по луѓе кои работеле и соработувале со трупите на НАТО и на САД.

„ Талибанците апсат и се закануваат дека ќе убијат или уапсат членови на семејствата на поединци, доколку тие самите не им се предадат на исламистите“, се вели во документот подготвен за ОН од Норвешкиот центар за глобални анализи.

Во документот се наведува дека луѓето во армијата, полицијата и истражните органи се особено загрозени.

„ Талибанците однапред извршија мапирање на поединци, односно пред да ги преземат сите големи градови“ се наведува во извештајот.

Се додава дека милитантите трагале по поединци додека до одреден степен дозволувале евакуација на странци од аеродромот во Кабул, но ситуацијата таму се уште е хаотична.

Според извештајот, талибанците регрутираат нови разузнавачки мрежи за соработка со новиот режим, објави Би-Би-Си.

Талибанците денеска го прославија „Денот на независноста на Авганистан“, со порака дека ја победија „арогантната моќ на светот“ во форма на САД.

Можете да прочитате

Иран дозволил премин на ирачки танкери со нафта низ Ормуската Теснина

Војната во Иран ги притиска рафинериите, цените на горивата би можеле да останат високи со години

Иран: Заканата на Трамп кон земјите кои ќе соработуваат со Техеран е ерозија на нивниот суверенитет и враќање на колонијализмот