Утрински Весник
Свет

(Видео) Потресни сцени од Авганистан: Жена ги моли американските војници за помош

(Видео) Потресни сцени од Авганистан: Жена ги моли американските војници за помош

На социјалните мрежи кружи видео од Авганистанка која низ бодликава жица со солзи ги моли за помош американските војници.

Автентичноста на снимката не е официјално потврдена, но дел од британските и американските медиуми пишуваат дека се чини дека снимката е направена на аеродромот во Кабул, последното место во Авганистан кое се уште го обезбедуваат американските војници по заробувањето на на главниот град од талибанците.

Жената на видеото извикува „талибанците доаѓаат“ низ солзи и ги подава рацете кон американските војници преку ограда опкружена со бодликава жица.

Аеродромот во Кабул неодамна беше центар на драматични сцени. Илјадници Авганистанци упаднаа на пистата, при што пет лица загинаа во хаосот.

Двајца вооружени лица загинаа од американски војници, а три лица паднаа од авионот.

Американската војска вчера потврди дека во авионот што ги евакуираше луѓето беа пронајдени остатоци од човечко тело.

Можете да прочитате

Израел одобри изградба на стотици дополнителни куќи во три населби на Западниот Брег

Трамп прогласен за „најмоќна личност во Европа“ во годишниот избор на „Политико“

Демонстранти поставија Дедо Мраз во знак на протест против економската политика во Берлин