Утрински Весник
Свет

Во Израел од денеска т.н „Зелена карта“, ќе се употребува речиси во сите области од јавниот живот

Во Израел од денеска т.н „Зелена карта“, ќе се употребува речиси во сите области од јавниот живот

Во Израел, стапи на сила одредбата за да се покаже т.н „Зелена пропусница“ за скоро сите области од јавниот живот поради масовното зголемување на инфекциите со коронавирус.

Секој на возраст над 3 години мора да докаже дека е вакциниран, дека прележал „Ковид-19“ или дека е негативен на коронавирус ако сака да присуствува на спортски или културни настани, во спортски сали, музеи, ресторани, универзитети и конференции.

Во верските објекти, исклучокот важи за најмногу 50 луѓе.

Децата до 12 години може да се тестираат бесплатно. Секој над 12-годишна возраст мора сам да плати за тестовите.

Со овие мерки израелската влада се обидува да спречи можно затворање за време на еврејските празници во септември.

Во вторникот вечерта, Министерството за здравство објави 8.726 нови случаи на инфекција со коронавирус, највисоки бројки по повеќе од половина година.

Сепак, повеќе од 58 проценти од приближно 9,4 милиони жители на Израел се целосно вакцинирани. Според властите, повеќе од милион жители веќе ја добиле третата, дополнителна доза од вакцината против коронавирус.

Можете да прочитате

Турција: Продолжен притворот на Имамоглу и на 104 лица обвинети за корупција

САД ја укинаа рутинската вакцинација на новороденчињата против хепатит Б

Ја извадил главата од споменикот на Тито и ја ставил во автомобил