Утрински Весник
Спорт

Мартин Одегард се враќа во Арсенал – Анчелоти не смета на него!

Мартин Одегард се враќа во Арсенал – Анчелоти не смета на него!

Норвешкиот фудбалер Мартин Одегард (22) втората половина од минатата сезона ја помина на позајмица во лондонски Арсенал, одигра 20 натпревари. Постигна 2 гола во сите натпреварувања, па се врати во Шпанија со надеж дека ќе избори место во неговиот клуб – Реал Мадрид.

Со доаѓањето на Карло Анчелоти на кормилото на Кралскиот клуб му било ставено до знаење на младиот фудбалер дека не му е загарантирано местото во првата постава, а клубот во меѓувреме ја спушти неговата цена од 60 на 45 милиони евра.

„Топчиите“ сега се подготвени играчот да го вратат во Лондон, односно да го откупат неговиот договор.

Според информциите на „ЕСПН“ по продажбата на Џо Вилок во Њукасл, се отворило место во тимот, но и во буџетот на клубот за Одегард.

> Мартин Одегард се враќа во Арсенал – Анчелоти не смета на него! <

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија