Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Зеќири: Наместо да повика на вакцинација, Мицкоски го загрозува здравствениот систем

(Видео) Зеќири: Наместо да повика на вакцинација, Мицкоски го загрозува здравствениот систем
300x250 opst2

Пратеничката на СДСМ Белкиса Зеќири на денешната прес конференција истакна дека партијата на Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, стои зад протестите кои го загрозуваат јавното здравје и се противат на масовната имунизација против коронавирусот.

„Наместо да повикаат на масовна вакцинација како најбрз начин за надминување на пандемијата, Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ поттикнуваат и поддржуваат протести против мерките за заштита од коронавирусот. За време на целата пандемија, Христијан Мицкоски ниту еднаш не повика на почитување на мерките за заштита, ниту еднаш не повика граѓаните да се вакцинираат, ниту еднаш не изрази поддршка за здравствените работници“, подвлече Зеќири.

Јавноста не знае дали Мицкоски е вакциниран, рече Зеќири.

Според неа, ако има и минимум одговорност, како што рече, Мицкоски треба да излезе и да повика на масовна вакцинација, да повика на почитување на мерките, наместо да поддржува протести со кои се наштетува на здравствениот систем и се напаѓаат здравствени работници.

„Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на дезинформациите и деструкциите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои се на штета на јавното здравје“, истакна таа.

Можете да прочитате

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села