Утрински Весник
Спорт

Баерн царува во Германија! Прв трофеј за Јулијан Нагелсман!

Баерн царува во Германија! Прв трофеј за Јулијан Нагелсман!

Баерн Минхен го доби првиот „Дер класикер“ во сезоната 2021/22, победувајќи ги Борусија Дортмунд на нивниот „Сигнал Идуна парк“ со 3:1 за да ја освојат титулата од Германскиот суперкуп, која инаку е прв трофеј за новиот тренер на тимот, Јулијан Нагелсман.

За првата титула во кариерата, младиот тренер секако треба да му се заблагодари на неверојатниот полски напаѓач Роберт Левандовски, кој го реши мечот со два гола и со една асистенција, повторно најавувајќи фантастична сезона.

Левандовски ги донесе Баварците во водство во 41. минута по одличната асистенција на Серж Гнабри. Само што почна второто полувреме, во 50. минута, Левандовски му асистираше на Томас Милер за 0:2, но „милионерите“ најавија враќање во играта, кога во 64. минута, Марко Ројс постигна фантастичен гол. Меѓутоа, полскиот голгетер десет минути подоцна одговори со уште еден гол за апсолутна доминација.

> Баерн царува во Германија! Прв трофеј за Јулијан Нагелсман! <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Разни „стручњаци“ ме испратија во пензија, им благодарам на тоа

Тежок пад и неизвесен настапот на Линдзи Вон на Олимписките игри

ЕХФ, по бројните критики, го менува распоредот на натпревари