Утрински Весник
Македонија

Детали за мртвите тела во Табановце: Жената починала од убоди, нејзиниот сопруг бил застрелан

Детали за мртвите тела во Табановце: Жената починала од убоди, нејзиниот сопруг бил застрелан

Жената во Табановце починала од повреди здобиени од остар предмет, а нејзиниот сопруг имал прострелна рана од огнено оружје, соопштија попладнево од МВР.

Утрово, нешто по 8 часто во кумановската полиција било пријавено дека во семејната куќа во селото Табановце биле пронајдени починати и со повреди Б.С.(43) и неговата сопруга Б.С.(36).

По преземани мерки било констатирано дека Б.С. починала од здобиени повреди од остар предмет, додека нејзиниот сопруг имал прострелна рана од огнено оружје, се наведува во соопштението на МВР.

Претходно, обвинителството, а сега и МВР потврдија дека по извршениот увид, телата по наредба на обвинителот се предадени на обдукција.

Можете да прочитате

Тошковски: Каталогот за континуирани обуки е нов чекор кон модерна, професионална и ефикасна полиција

За едно деноноќие приведени 24 возачи за безобѕирно управување

Македонија и Катар ќе ја продлабочуваат соработката во безбедноста и економијата