Утрински Весник
Македонија

25 македонски државјани се веќе евакуирани од Авганистан, околу 50 ги чекаат наредните летови

25 македонски државјани се веќе евакуирани од Авганистан, околу 50 ги чекаат наредните летови

Состојбата во Авганистан нагло се влоши и освен базите на НАТО и САД, целата територија на државата е под управа на новата талибанска власт, информира министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Тој потсети дека уште во јули е повлечен дипломатскиот и воен персонал, а во саботата е формирана работна група за оние македонски државјани кои се работно ангажирани и во моментов затекнати во Авганистан.

Османи кажа дека е остварен е контакт со компаниите каде македонските државјани работат за да се забрза евакуацијата, а испратени се и формални барања до земјите кои имаат присуство во Авганистан да асистираат во евакуацијата, при што повеќето потврдно одговориле.

„Во контакт сум со колегите од САД, Турција и Катар и постои брз канал за координација. Работната група е во постојана комуникација за нивно извлекување. 25 наши државјани се веќе на воениот терминал и со американски воен авион ќе бидат испратени во Доха, а останатите 25 што се во моментов на аеродромот се упатени на следниот лет. Има уште 25 лица во американската база во Кабул што е во непосредна близина на аеродромот, тие се на безбедно и се на листа на чекање за нареден лет. Немаме други регистрирани наши државјани на територијата на Авганистан“, информира Османи.

Можете да прочитате

Александар Николоски повторно во посета на Унгарија

Поради пожар повторно забрана за сообраќај на регионалниот пат Македонски Брод – Скопје

ОЈО отвори истрага за лицето што се закануваше со подметната бомба во авион