Утрински Весник
Свет

Талибанците почнаа да го собираат оружјето од цивилите во Кабул

Талибанците почнаа да го собираат оружјето од цивилите во Кабул

Талибанските милитанти почнале да го собираат оружјето од цивилите во авганистанскиот главен град Кабул, објави Ројтерс повикувајќи се на талибански службеник.

„Ние разбираме дека луѓето чуваат оружје за лична безбедност. Тие сега можат да се чувствуваат безбедно. Ние не сме тука да им наштетиме на невините цивили”, изјавил официјалниот претставник на талибанците.

Борците на талибанската радикална милитантна група влегоа во Кабул во неделата без да наидат на отпор и ја презедоа контролата врз владините згради напуштени од авганистанските војници, објави „Ал Арабија“.

Претседателот на Авганистан, Ашраф Гани ја напушти земјата.

Можете да прочитате

Израелски воздушни напади врз јужен Либан, серија експлозии во повеќе градови

Уапсена жена осомничена дека планирала бомбашки напад врз владата на американската сојузна држава Њујорк

Осум загинати при пад на чартер-авион на Алјаска