Утрински Весник
Македонија

МНР: Организациите кои се на власт во Авганистан да овозможат безбедно напуштање на земјата на странци

МНР: Организациите кои се на власт во Авганистан да овозможат безбедно напуштање на земјата на странци

Министерството за надворешни работи во соработка со стратешкиот партнер САД, како и останатите НАТО сојузници ги повикува сите страни во Авганистан, да го почитуваат и овозможат безбедното напуштање на земјата од страна на заинтересираните странски државјани кои во моментов се наоѓаат таму, како и на жителите на Авганистан кои сакаат да ја напуштат земјата.

„ Оние субјекти и организации кои се позиција на сила и власт во земјата треба да ја носат и одговорноста за заштита на човечките животи, како и за итно возобновување на безбедноста и стабилноста на земјата“ соопшти МНР.

Оттаму додаваат дека ќе продолжат внимателно да ја следи состојбата во Авганистан и да преземаат чекори во насока на заштита на државјаните на Република Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на земјата.

Можете да прочитате

„ПОРШЕ“ СО 168 КМ/Ч НА ОГРАНИЧУВАЊЕ ОД 80 – возачот заврши со лисици на Табановце

УКИНАТА ЗАБРАНАТА: Водата во Демир Капија повторно е безбедна за пиење

Екипи се борат со пожарот кај Никуштак – приоритет е заштита на населените места