Утрински Весник
Свет

(Видео) Жители на Авганистан паѓаат од авион, во очај се качуваат на моторите на авионите за да побегнат од Талибанците

(Видео) Жители на Авганистан паѓаат од авион, во очај се качуваат на моторите на авионите за да побегнат од Талибанците

Талибанците го зазедоа главниот град Кабул, а портпаролот на Талибанците истакна дека „војната е завршена“. Преземањето на власта предизвика паника кај странците, кои тргнаа да организираат евакуација на граѓаните, но и меѓу локалното население.

На социјалните мрежи се појавија видеа од локални жители кои очајно се обидуваат да се качат на некои од авионите за да избегаат од земјата.

Некои дури и се обидоа да го сторат тоа држејќи се за крилјата и моторите на авионот, пренесуваат светските агенции.

Меѓутоа, на интернет се појави видео на кое се гледа како едно лице паѓа од голема височина среде авионски лет.

Според светските агенции има информации дека има починати на аеродромот во Кабул, и дека американските сили отвориле оган во еден момент.

Можете да прочитате

Зеленски: Илјадници украински деца сè уште треба да бидат вратени од Русија

Трамп ја доби наградата за мир на ФИФА

Мадуро во тајни преговори со Трамп