Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Изборниот законик ќе се менува по изборите

Изборниот законик ќе се менува по изборите
Img 7972

Нема да има нови измени на Изборниот законик пред локалните избори на 17 октомври.

Премиерот Зоран Заев при посетата во Кривогаштани рече дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, го информирал оти изборните правила ќе останат исти.

„По последните измени – за отисокот од прст и за препораки ОБСЕ/ОДИХР, законот ќе остане таков каков што е за да нема забелешки дека во ‘пет до 12’ нешто се менува, а притоа тоа би довело само до блокада на законското решение“, рече Заев.

Другите измени по препорака на ОБСЕ, како што истакна, ќе остане да бидат вградени во Изборниот законик по изборите.

Тој најави дека СДСМ најдоцна до 25 август, ќе ги соопшти кандидатите за градоначалници и советници за локалните избори.

 

Можете да прочитате

Мицкоски до Филипче: Професионално ли е што судот на Марковски за стомилионски криминал му дава куќен притвор

Филмски грабеж во центарот на Гостивар – вооружени лица со калашникови ограбија златара

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука