Утрински Весник
Спорт

Почна трката на десет километри во Охридското Езеро

Почна трката на десет километри во Охридското Езеро

Официјално означен е почетокот на „Европскиот куп во далечинско пливање, олимписка дисциплина 10 километри“ во Охрид.

На стартот пред „Хотел Метропол“ во водите на Охридското Езеро земаа учество 33 пливачи од 14 земји учеснички меѓу кои и 6 Македонци и Македонки.

Премиерот Зоран Заев кој го означи и почетокот на купот во своето воведно излагање рече: „На бреговите на нашето преубаво Охридско Езеро, каде се наоѓаме е од исклучителна важност да имаме ваков тип на настани, кој е од светски ранг- не само затоа што ја имаме оваа природна убавина, туку многу повеќе заради тоа што преку ваквите настани ја промовираме државата, ги промовираме нашите реткости и стекнуваме пријатели, кои ни помагаат убавиот збор за нашиот народ и нашата држава да стигне далеку.“

Заев упати и честитки до организаторот Пливачката федерација на Република Северна Македонија и до нејзиниот претседател Александар Маленко и неговиот тим, кои се заложија и се заслужни за тоа што ние сме дел и од Извршниот комитет за далечинско пливање, а во Светската пливачка федерација – ФИНА, Северна Македонија е препознаена како една од само петте земји во светот, во кои се организираат официјални трки за Олимписката дисциплина на 10 километри.

> Почна трката на десет километри во Охридското Езеро <

Можете да прочитате

Попева и Рустемовски најуспешни македонски спортисти за 2025 година

Селекторот на Сенегал суспендиран пет натпревари за инцидентите во финалето на Африканскиот куп

Министерството за спорт додели 500 стипендии „Спортска надеж“