Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Разбиена лихварска група во Неготино – наплаќале со огромни камати, на должник му го запалиле автомобилот

Разбиена лихварска група во Неготино – наплаќале со огромни камати, на должник му го запалиле автомобилот
Img 7972

Четири лица од Неготинио на возраст од 21 до 24 години биле лишени од слобода вчера, во координирана акција на одделот за криминалистичка полиција – Сектор за економски криминал и Сектор за општ и насилен криминал, а со поддршка на единицата за специјални полициски операции и СВР Велес.

Станува збор за лицата П.М.(22), Д.П.(23), Ј.К.(21) и В.З.(24), сите од Неготино, во чии домови бил извршен претрес поради сомнение за сторени кривични дела „лихварство“, „изнуда“, „загрозување на сигурноста“ и „предизвикување на општа опасност“.

Како што информираат од МВР, притоа биле пронајдени повеќе предмети од извршените кривични дела.

Имено, пријавените давале пари на заем со писмени и усмени договори и притоа за себе договарале несразмерно високи камати, со цел противправно да се стекнат со материјална корист.

За да ја постигнат целта користеле закани, физичка сила, а на 9-ти месецов запалиле и автомобил, со што предизвикале пожар и општа опасност по околината.

Против нив ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното основно јавно обвинителство по чл.260, чл.258, чл.144 и чл.288 од Кривичниот законик, а од страна на надлежниот суд им е одреден притвор.

Можете да прочитате

Мицкоски: Се здружиле Венко, Али и Димче за власт и поради патолошката омраза кон ВМРО-ДПМНЕ

Лекарската комора ќе го разгледа случајот со разрешениот директор Кузмановски и потоа ќе постапува

Скопјанец пријавил дека бил нападнат од сопругата со предмети во семејниот дом