Утрински Весник
Македонија

Димитров соопшти дека си го скршил рамото: 48 години не биле исто што и 20

Димитров соопшти дека си го скршил рамото: 48 години не биле исто што и 20

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, се повредил и има скршеница на рамото.

Оваа информацијата тој ја објави тој на социјалните мрежи со благодарност до медицинскиот персонал кој се погрижил за санирање на повредата.

„Огромна благодарност до хирурзите, анестезиолозите, медицинските сестри, болничарите и целиот прекрасен и посветен тим на Ортопедија, Ургентен, Траума и КАРИЛ (ТОАРИЛУЦ) што се погрижија скршеницата на моето рамо да биде само една голема лекција за во иднина. 48 години сепак не биле исто што и 20“, напиша Димитров.

Можете да прочитате

ЦУК и полицијата со итна спасувачка акција за тројца планинари на Бистрица

Пожар во познат локал во центарот на Скопје – огнот брзо ставен под контрола

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија