Утрински Весник
Македонија

Запленето злато вредно девет милиони евра од автобус на Деве Баир

Запленето злато вредно девет милиони евра од автобус на Деве Баир

Злато вредно девет милиони евра е запленето денеска на граничниот премин Деве Баир при царинска контрола на автобус пријавен за влез во Македонија од Турција.

„Околу 6 часот часот на ГП Деве Баир, за влез во државата се пријавил автобус марка мерцедес управуван од лицето Т. Д. од Република Турција. При вршење на детална контрола од страна на царински службеници од Одделението за оперативни работи, над задните тркала од подвозјето, во модифицирана фабричка шуплина, наменета за криумчарење на стока, биле пронајдени 20 најлонски кеси со златен накит, со вкупна тежина од 2.773 грама, при што вкупната вредност на стоката и автобусот изнесува околу 9.000.000,00 денари или 146.341 евра“, соопшти Царинската управа.

Возачот е предаден на Одделението за истраги за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

Мицкоски: Никој нема против албанскиот јазик, но треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот

Под дејство на алкохол удрил и усмртил пешак во Марино, предложен притвор за 21-годишник

Манасиевски: За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ