Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Заев на средба со амбасадорката Брнз: САД е нашиот најголем стратешки партнер

Заев на средба со амбасадорката Брнз: САД е нашиот најголем стратешки партнер
300x250 opst2

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со американската амбасадорка Кејт Брнз, која му го претстави новиот заменик-амбасадор на САД, Ерик Мејер.

Заменик-амбасадорот на САД изрази задоволство од доаѓањето во земјата позитивно оценувајќи ги условите за зголемена економска соработка и обезбедување економски просперитет на сите граѓани во земјата.

Заев истакна дека Владата успешно ја остварува реформската и економската агенда, следејќи ги политиките на отворен дијалог со земјите од регионот.

„Нашата посветеност за демократизација на земјата, почитувањето на правото и искоренување на корупцијата е силна и со огромен ангажман. Условите за инвестирање стануваат сè поповолни и се забележува зголемување на динамиката на домашни и странски инвестиции. Нашата основна определба, следејќи ја владината програма е да обезбедиме економски просперитет на нашите граѓани, поттикнување на економскиот раст и давање сериозни причини на младите да не ја напуштат татковината“, рече премиерот Заев подвлекувајќи дека поддршката од САД е огромна во насока на реализирање на реформите во областа на владеење на правото, обезбедување одржлив раст, поттикнување на конкурентноста, зајакнување на човечките ресурси и дигитализација на економијата.

На средбата беа поздравени одржливите политики и иницијативи на отворен дијалог со соседите, поттикнување на економската соработка и продолжување на патот за остварување на евроинтеграцијата на Република Северна Македонија.

Можете да прочитате

Муцунски во Ирска на средба на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес

СДСМ: Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност?

Кривични пријави за две сопственички на старски домови – давале храна со поминат рок и ги малтретирале згрижените лица