Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Сара Џесика Паркер повторно во фустанот кој ги налути фановите на Кери Бредшо

Сара Џесика Паркер повторно во фустанот кој ги налути фановите на Кери Бредшо
Img 7972

Актерката на „Сексот и градот“ беше фотографирана на пауза од снимањето на And Just Like That, продолжение на култната серија, заедно со Синтија Никсон во Менхетен во четвртокот.

Неколку недели наназад, фановите на серијата беа гневни откако се појавија фотографии на кои се гледа како Сара Џесика Паркер снима во фустан кој фановите го препознаа како парче од „Форевер 21“.

Сара се врати во контроверзниот сарафан што предизвика негодување кај фановите, снимајќи друга сцена од веројатно истиот ден – бидејќи Кери не ги повторува облеките.

Кога Паркер за прв пат се појави на клипот на And Just Like That во бохо- фустан кон крајот на јули, тој беше идентификуван од And Just Like That Closet, инстаграм-профил на фанови на серијата, како парче Forever 21.

Фановите збеснаа дека ултрамодерната Кери се осмели да носи таканаречена „фаст фешн“ или брза мода.

„Кери од стилска и секси се претвори во демоде?” едно лице се пожали, додека некој друг напиша: „Засекогаш 21 навистина? На 50 и нешто години.“

Можете да прочитате

Речиси сите срцеви и мозочни удари се поврзани со овие четири фактори на ризик

TECHMECH 2025 – Саем за пракса и вработување на Машинскиот факултет

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД: „БИЗНИС ЛИДЕР“ ЌЕ ГИ НАГРАДИ НАЈУСПЕШНИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ ЗА 2024 ГОДИНА