Арнолд Шварценегер не бира зборови кога го искажува својот став за Американците кои одбиваат вакцина против Ковид-19.
Актерот и поранешен гувернер на Калифорнија (74) упати жестока порака до оние кои не сакаат да се вакцинираат или да носат маски.
Во текот на интервју за Си-Ен-Ен во средата, тој ги повика луѓето да се вакцинираат и да помогнат да се запре ширењето на вирусот.
„Луѓето треба да знаат дека тука има вирус. Тој убива луѓе, а единствениот начин да го спречиме тоа е да се вакцинираме, да носиме маски, да правиме социјална дистанца, да ги миеме рацете цело време, а не само да размислуваме: мојата слобода е нарушена,“ рече тој, како што пренесува „Холивуд репортер“.
„По ѓаволите со твојата слобода, бидејќи со слобода доаѓаат обврски и одговорности.“
Sвездата на „Терминатор“ додаде: Не можеме само да велиме ‘имам право да правам икс, ипсилон, зет.’ Кога заразувате други луѓе, тогаш станува сериозно.“