Утрински Весник
Спорт

„Јорганџиите“ подготвиле 50 милиони евра за Влаховиќ

„Јорганџиите“ подготвиле 50 милиони евра за Влаховиќ

Иднината на српскиот фудбалски напаѓач Душан Влаховиќ во Фиорентина се очекува да биде позната наредните денови.

„Виолетовите“ подготвија нов договор за голгетерот зад кого е одлична сезона во Серија А, но постои можност да дојде до пресврт, па наместо во Италија, Влаховиќ да продолжи да тресе мрежи во Шпанија.

Познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио открива дека во Фиорентина стигнала понуда од Атлетико Мадрид.

„Интересот од Атлетико Мадрид за Србинот е се посериозен. Подготвија прва понуда за него и наскоро ќе ја испратат. На маса во Фиренца ќе стигне понуда од 50 милиони евра. Во клубот се подготвени да направат разговор со играчот и со неговиот агент. Се би можело да биде решено наскоро“ порача Италијанецот.

Влаховиќ минатата сезона постигна 21 гол на 37 меча и не е чудо што постои голем интерес за него од европските клубови.

> „Јорганџиите“ подготвиле 50 милиони евра за Влаховиќ <

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија