Утрински Весник
Свет

До средината на септември најверојатно ќе биде одобрена вакцината „спутник В“ најави СЗО

До средината на септември најверојатно ќе биде одобрена вакцината „спутник В“ најави СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) веројатно ќе ја одобри руската вакцина „спутник В“ против коронавирусот до средината на септември, објави денеска помошничката на генералниот директор на оваа организација, Маријангела Симао.

„Што се однесува до вакцината „спутник В“, процесот на одобрување е во тек, имаме некои законски процедури низ кои поминуваме во моментов“, рече Симао, пренесуваат агенциите.

Симао додаде дека проценките за вакцината започнале во јули и се добро напреднати, и дека очекува конечната евалуација на одобрувањето на вакцината да се направи до средината на септември.

Можете да прочитате

Норвешка планира следната година да донира над 9 милијарди долари за Украина

Зеленски: Путин планира да регрутира 300.000 војници од периферијата по изборите

Зеленски не дава избори додека трае војната