Утрински Весник
Спорт

Роналдињо за трансферот на Меси: Ми мириса на трофеј во ЛШ

Роналдињо за трансферот на Меси: Ми мириса на трофеј во ЛШ

Поранешниот фудбалер на ПСЖ и Барселона, Роналдињо, го коментираше трансферот на Лионел Меси. Аргентиецот, синоќа, потпиша двегодишен договор со ПСЖ. Роналдињо, на почетокот на својата европска кариера, две години играше во ПСЖ, потоа се пресели во Барселона.

„Задоволство беше да се носи дресот на овие два клуба (ПСЖ и Барселона), а сега го гледам мојот голем пријател во дресот на ПСЖ. Лео, ти посакувам многу среќни моменти. Исто така среќен сум што во тимот е и мојот голем пријател Серхио Рамос. Ми мириса на трофеј во Лигата на шампионите“, порачал Роналдињо.

> Роналдињо за трансферот на Меси: Ми мириса на трофеј во ЛШ <

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија