Утрински Весник
Свет

Гувернерот на Њујорк поднесе оставка, сексуално злоупотребувал неколку жени

Гувернерот на Њујорк поднесе оставка, сексуално злоупотребувал неколку жени

Ендрју Кумо, гувернер на американската сојузна држава Њујорк, поднесе оставка откако истрагата утврди дека сексуално злоупотребувал повеќе жени, пренесува Си -Ен -Ен.

Куомо, како што покажа истрагата, без согласност прегрнувал, допирал, бакнувал и им давал несоодветни комнтари на жени, од кои 11 се многу млади, рече главната обвинителка Летиција Џејмс.

Куомо ги отфрли сите обвиненија. Призна дека можеби се однесувал на начин што направил некои луѓе да се чувствуваат непријатно. Тој рече дека тоа не го направил намерно и се извини. Подоцна додаде дека неговите постапки не треба да се класифицираат како сексуално вознемирување.

Можете да прочитате

Трамп: Куба побара помош, ќе разговараме со Хавана

Раскол кај британските лабуристи: Над 100 пратеници го поддржаа Стармер, 80 бараат негова оставка

Путин најави распоредување на „најмоќната ракета во светот“ до крајот на годината