Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Две жени во Иран биле прегазени зашто не носеле хиџаб

Две жени во Иран биле прегазени зашто не носеле хиџаб
Img 7972

Две жени се тешко повредени во Иран, откако наводно маж ги прегазил во автомобил бидејќи главата не им била покриена, објавија локалните медиуми.

За време на инцидентот во Урмија во северозападен Иран, возачот гласно се пожалил на изборот на нивната облека, нагласувајќи дека тие не се исламски жени, пренесува новинската агенција „Илна“.

Имало конфликт и тој наводно налетал на нив во автомобилот и ги прегазил. Жените се здобиле со сериозни повреди, но повеќе не се во животна опасност, пренесува „Илна“.

Возачот наводно се обидел да побегне од местото на настанот, но подоцна бил уапсен.

Судските службеници го осудија нападот и рекоа дека нема да одобрат преземање на правдата во свои раце.

Масуме Ебтекар, потпретседателка на Иран за женски прашања, нападот го нарече обид за убиство и побара строга казна.

Од Исламската револуција во Иран во 1979 година, девојчињата од деветгодишна возраст мораат да се облекуваат во согласност со исламскиот закон.

Сепак, 42 години подоцна, овие правила не се популарни кај повеќето жени. Жените кои не носат хиџаб се почесто може да се видат во големите градови.

Законот за хиџаб станува се повеќе контроверзен. Полициските и судските службеници велат дека е невозможно да се спроведе, бидејќи за тоа ќе бидат потребни стотици апсења дневно.

Во исто време, голем дел од населението верува дека неносењето хиџаб ќе доведе до пад на моралот во земјата. Повремено, избиваат протести со повик за спроведување на законот, а понекогаш завршуваат со насилство.

Можете да прочитате

Трагедија: Мајка ја удавила својата двегодишна ќерка, па се јавила во полиција и лажела

Мерц: Путин води хибридна војна против Германија, сака да не заплаши и да ни всади страв

Трамп одлучи: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО, дел ќе завршат во Украина