Утрински Весник
Свет

Третина од возрасните во Црна Гора примиле две дози вакцина

Третина од возрасните во Црна Гора примиле две дози вакцина

Во Црна Гора, 41,6 проценти од возрасната популација се вакцинирани со прва доза на вакцината против коронавирус, а 34,8 проценти примиле втора доза, објави Владата во Подгорица.

Досега се дадени 349.403 дози вакцини. Во последните 24 часа, 1.169 лица ја примиле првата доза од вакцината, а 979 примиле втора доза.

Досега, 190.090 луѓе или 30,7 проценти од вкупното население ја примиле првата доза на вакцината против коронавирус, а втората 159.313 или 25,7 проценти.

Масовната вакцинација против Ковид -19 во Црна Гора започна на 4 мај.

Можете да прочитате

По две години пауза ќе се постави божиќна елка во Витлеем

Ирска и Франција истражуваат мистериозни дронови близу чувствителни локации

Патници изложени на солзавец утрово на аеродромот Хитроу во Лондон