Утрински Весник
Свет

Штетите од катастрофалните поплави во Германија ќе достигнат десетици милијарди евра

Штетите од катастрофалните поплави во Германија ќе достигнат десетици милијарди евра

Штетата предизвикана од катастрофалните поплави минатиот месец во Германија најверојатно ќе достигне 26 милијарди евра, изјави кандидатот за канцелар на конзервативците, Армин Лашет.

„ Според првичните проценки, само во сојузната држава Северна Рајна-Вестфалија, вкупната штета се зголемува на повеќе од 13 милијарди евра“, рече претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и премиер на провинцијата, која беше погодена од невидени поплави.

Катастрофалните поплави што ја погодија западна Германија на 14 и 15 јули однесоа најмалку 190 животи.

Во Северна Рајна-Вестфалија, повеќе од 150 училишта и 200 детски градинки, бројни лекарски ординации и 50 аптеки беа оштетени, рече Лашет, опишувајќи го обемот на најлошата природна катастрофа што ја погоди државата од основањето на федералната Западна Германија по Втората светска војна.

Можете да прочитате

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела