Утрински Весник
Македонија

Утре многу топло, од задутре можно разладување

Утре многу топло, од задутре можно разладување

Времето утре ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степени. УВ=9

Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, поради што ќе биде активирана жолта, а во југоисточниот дел од земјата портокалова фаза за опасност од високи температури

Во Скопје, сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 39 степени.

В среда во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, а од четврток опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени.

Можете да прочитате

Скопјанец возел со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила

Кривична пријава за правно и физичко лице од Струмица, го оштетиле државниот буџет за скоро 50.000 евра

Aлександар Пендароски и Мартина Михајлова избрани за зет и невеста на Галичка свадба 2026