Утрински Весник
Свет

Три куршуми во плик адресиран до папата Франциско пронашла полицијата во Милано

Три куршуми во плик адресиран до папата Франциско пронашла полицијата во Милано

Миланската полиција Сан Донато пресретна плик со три куршуми упатени до папата Франциско, пренесуваат медиумите.
Пликот бил пресретнат во поштата во провинцијата Пешиера Боромео на територијата на Милано. Пратката пристигна од Франција со порака која се однесува на финансиските трансакции на Ватикан.

Во пликот имало три куршуми „Флоберт“, што е муниција за пиштол, калибар девет милиметри, пренесуваат агенциите во Италија.

„Адресата беше „Папа – Ватикан, Пјаца С. Пјетро“, рачно напишана нечитливо, без информации за испраќачот“, соопштиле полициските службеници.

Писмото го пронашле вработените во поштата додека ги подредувале пратките.

Пликот е запленет за да се утврдат деталите и е започната истрага по што ќе бидат познати повеќе информации.

Можете да прочитате

Три години од нападот на Хамас врз Израел

Двајца загинати во Киев, руски напади погодија уште три украински града

Почина 28-годишна вработена во руски институт за чума – СЗО го процени ризикот за Европа