Утрински Весник
Македонија

Бектеши: Новите мерки да се почитуваат за да се избегне воведување на построги

Бектеши: Новите мерки да се почитуваат за да се избегне воведување на построги

Министерот за економија, Крешник Бектеши, ги повика граѓаните, особено угостителските објекти, да ги почитуваат мерките за заштита и протоколите, оти, како што кажа, само на тој начин ќе се спречи ширењето на коронавирусот.

„Ако сме доведени во ситуација да воведеме целосен ‘локдаун’ на одреден сектор, ние, како и претходно, ќе донесеме економски мерки за целосно затворање на одредени сектори“, рече министерот.

Тој појасни дека мерките донесени од Владата, кои ќе стапат на сила од средината на месецов, не се за целосно затворање на угостителски објекти туку само за тие кои работат во затворен простор.

„Тие нема да смеат да работат. За оние кои работат на отворено, со капацитет над 30 гости, секој кој ќе сака да влезе треба на редарските служби да им покаже сертификат дека е вакциниран. Објектите кои се со капацитет под 30 гости, не се обврзани да имаат редарски служби“, нагласи Бектеши.

Тој потенцира дека Државниот пазарен инспекторат ќе врши контроли на сите угостителски објекти дали мерката се почитува или не.

Можете да прочитате

Под контрола два пожари на отворен простор

Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“ во последните три дена

Апасиев во Крушево: Борбата е вечна, победата неизбежна