Утрински Весник
Македонија

Поради реконструкција на улица изменет сообраќаен режим за три линии на ЈСП

Поради реконструкција на улица изменет сообраќаен режим за три линии на ЈСП
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Oд денеска, понеделник (9 август), линиите 5, 11 и 11А во реонот на Дексион, имаат изменет режим на сообраќај од вообичаениот, поради градежни зафати на улица „Кузман Шапкарев“.

Од ЈСП информираат дека автобусите од посочените линии ќе возат по новиот режим, се до завршување на градежните активности кои се изведуваат по налог на Град Скопје.

ЛИНИЈА 5

*автобусите од семафорите на булевар „Ѓорче Петров“ вртат лево кон болницата „Санте плус“, па потоа кружно излегуваат повторно на булеварот и продолжуваат по редовната траса
*автобусите за почетно/крајна постојка ја користат постојката во Јурија, а истата постојка ја користат
и возилата од линија 160
*посочениот режим важи и во двете насоки на сообраќање

ЛИНИИТЕ 11 и 11А

*автобусите во насока од Рашче и Свиларе кон Транспортен центар, од Дексион се пренасочени по улица „Црногорска“, па десно по улица „Атанас Иљоски“, лево на улица „Борис Сарафов“ и продолжуваат право на кружниот тек, па од кај Порта Влае продолжуваат по редовната траса
*автобусите во насока од Транспортен центар кон Свиларе и Рашче сообраќаат по редовните траси

Можете да прочитате

11 години затвор за моторџијата што прегази пешак на кејот на Вардар и побегна

Отворени граничните премини Евзони и Ники кон Грција

Алиу: До мај нов „смарт“ паркинг и катна гаража во Клиничкиот центар