Утрински Весник
Свет

Големи количества вакцини со поминат рок се фрлаат во ѓубре во Германија

Големи количества вакцини со поминат рок се фрлаат во ѓубре во Германија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Од почетокот на пандемијата против коронавирус, Баварија фрли вкупно 53.000 дози на вакцини, од кои повеќе од половина беа пријавени како неупотребливи уште во јули.

„Зголеменото количество на фрлени вакцини во текот на летото е директна последица од намалената подготвеност на населението за вакцинација“, соопшти баварското Министерство за здравство на барање на германскиот јавен сервис.

Во Баден-Вуртемберг, на 4.000 дози од вакцината на „Астра зенека“ им истече рокот уште на крајот на јули, поради што тие беа „правилно уништени“, како што пишува Министерството за здравство.

Слични акции беа спроведени и во други германски сојузни покраини.

Сега, кога потребите на домашното население се подмирени, Германија најави дека во наредните денови ќе испорача 1,3 милиони дози на „Астра зенека“ на иницијатива на „Ковакс“, кој дистрибуира вакцини до посиромашните земји. Сојузното министерство, исто така, најави дека ќе ги откаже нарачките за вакцината на „Џонсон и Џонсон“ во август, во корист на другите европски земји.

На 7 јули, Германија одлучи да донира 30 милиони дози од вакцината на „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“ на трети земји. 80 проценти од тоа е наменето за „Ковакс“, додека 20 проценти ќе бидат испорачани директно на одделни земји.

Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ нема да бидат дистрибуирани во други земји, тие ќе се чуваат во централното складиште за вакцини за цела Германија.

Можете да прочитате

Во Русија разбиена мрежа на печатници кои фалсификувале пасоши и други документи

Јапонија планира рекорден буџет за одбрана во услови на големи тензии со Кина

Папа Лав Четиринаесетти: Доста беше војна во Украина, сега Москва и Киев нека разговараат