Утрински Весник
Македонија

На ГП Табановце се чека околу 30 минути

На ГП Табановце се чека околу 30 минути

На ГП Табановце поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути, соопшти АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Можете да прочитате

Трансплантацијата спасува животи: Панел во Гостивар за унапредување на органодарителството

Наизменичен сообраќај на патот Прилеп–Градско по претходниот прекин

Митрески: Власта удри по наставниците, ама не се откажува од своите луксузи и привилегии